Малешевското сирење изумира-исселувањето „рак рана“ на Истокот
Како стареат сточарите, така се празнат трлата во Малешевијата. Младите од регионот се иселија што доведе до значително намалување на сточниот фонд, посебно на овците. Тоа може да биде и сериозен удар за двата најзначјни брендови - познатото сирење и јагне.
Трудот на сточарите им го јаде и ниската откупна цена. Секое продадено јагне им книжи загуба од 30 до 40 денари.
Земјоделските здруженија сметаат дека тешко може да се врати овчарството во овој регион од државата, а двата значајни брендови на Малешевијата се веќе загрозени оти статадата со овци се бројат на прсти.
Порано во Малешевијата годишно се произведувале во просек околу 20.000 канти сирење, но иселувањето заедно со неорганизираниот пласман од година во година го намалува производството.