Малчевски за ТВ 24: Сите влади на СДСМ и ДУИ во контуниутет се добри само во нешто, а тоа е корупцијата

Самоил Малчевски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа потенцираше дека не е нормално политичкото насилство на кое сме сведоци од промената на уставот.

- Сите влади на СДСМ и ДУИ во контуниутет се добри во нешто, а тоа е корупцијата. Ако беше проблемот само со Бугарија, ако не е проблемот на  фрапантната корупција, ЕУ лесно ќе најдеше решение со булдожер дипломати. Но, проблемот постојано и се укажува на владата. Ретко кој извештајот на Прибе го споменува. Проблемите се посуштински одошто тоа се презентира во јавноста.- вели Малчевски.