Малчески во 24 анализа: Предлог законотна СДСМ за Кочани е евтин политички потег

Универзитетскиот професор Самоил Малчески во 24 анализа рече дека, СДСМ ќе имаше кредибилитет да предложи закон за помош на семејствата на загинатите и повредените во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ ако претходно предложеја и за претходните трагедии.

Според него, ваквиот закон е во колизија со други членови и закони.

„Некој пробува да прави евтини политички потези. СДСМ ќе имаше кредибилитет да предложи закон ако предложеше и закон за претходните трагедии. Што правеше СДС кога се случуваа тие трагедии кога беа на власт. Дали имаа семејствата поддршка, имаа и преку Црвен крст и граѓаните се организираа. Жртвите се лекуваа со пари на државата. Семејствата добиваат поддршка и многу е лошо да се прави политика на таа трагедија и кој ја прави Оливер Спасовски кој седум гоини беше министер и кој можеби е еден од најодговорните за полицијата. Лицемено е, им треба помош на смејствата. Проблемот е што законот е во колизија со други членови и закони. Кој им се мотивите не знам. Може сакаат да ја скријат златната виза на Филипче. Не може со еден закон да направите хаос во другите закони. Ваквиот закон е во колизија со други закони и повеќе ќе им наштети. Наместо да им помогне, ќе им отежни. Ќе влезат во правен лавиринт. Што им значат парите кога изгубиле деца“, рече Малчески.

Тој зборуваше и за евроинтеграциите на државата. Според него, вметнувањето на Бугарите во Устав нема да е единствено барање од страна на Бугарија.

Политиката на Бугарија нема да смени, тоа е полтика која се води за македнскиот народ, јазик, држава. Проблем е што тука нема да завшри приказната. Јас ја гледам шансата во новата германска влада која ќе бара сериозни структурни промени. Сами се свесни дека вакви одлуки не може да се носат со консензус“, додаде Малчески.