Мал генијалец од Велес
Foto

Мал генијалец од Велес

Имa само седум години, а веќе посетува настава за шестоодделенци. Христијан Арсов од Велес е мал генијалец. Со натпросечен коефициент на интелигенција, тој лесно ја совладува математиката и напамет множи двоцифрен со троцифрен број. Наизуст ги знае сите американски претседатели, асторономијата му е омилена, а знае речиси се за вселената.

На неполни две години почнал да чита. Прво латиница, па кирилица. Прво одделение учел само еден месец и оттогаш постојано напредува по едно скалило. Себеси се гледа во многу професии. Христијан сака постојано да учи. Се интересира за се и прашува многу.. Треба само да ги имате одговорите, вели неговата мајка борка, која заедно со својот син е постојано на релација Велес - Скопје, бидејќи освен редовното основно образование, Христијан се доусовршува на приватни напредни школи. Тоа бара многу пари, вели таа.

Македонија нема програма за ваквите генијални умови. Нему му е често здодевно на настава, оти одамна ги совладал лекциите кои ги учат. За секое негово напредување во класично образование, родителите мораат да бараат дозвола од ресорните институции.

Христијан е неуморен и сака да знае се, дури и како се ракува со камера. Учи брзо и со страст. Тој веќе победува на натпревари со многу повозрасни генерации од него. Неговите успеси ги препозна општината, која му додели признание за најдобар млад генијалец за 2018 година. Но, тоа не е доволно. Христијан мора да добие соодветен третман од државата, ако таа сака да го задржи овој и слични на него генијални умови, порача градоначаликот на Велес Аце Коцевски, доделувајќи му го признанието.

0 Коментари

Остави коментари