Максим Ацевски е предложен за нов главен државен ревзиор
Foto

Максим Ацевски е предложен за нов главен државен ревзиор

По две години блокада - економистот Максим Ацевски е предложен за нов главен државен ревзиор. Политичките партии постигнаа договор за оваа важна институција, а одлуката едногласно, со 13 гласа ЗА - ја донесе Комисијата за избори и именувања. На потег е Собранието кое треба да ја усвои на пленарна седница.

Едногласно се одби и барањето за апанажа на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Димовски ообразложи дека не постојат причини за прифаќање на барањето затоа што не е избрана од Собранието, туку од Советот на обвинители.  Претседателот на комисијата исто така побара Јанева јавно да каже чие е  сценариото на СЈО со кое биле уценувани политичари и пратеници – на ова изреагира неговата сопартијка Рангелова, а се надоврза и пратеничката Туфегчиќ.

Комисијата избра директори на Агенцијата за заштита на лични податоци, Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап за информации и на Агенцијата за квалитет на образование. Се изгласаа и здруженијата за граѓанска контрола кај Народниот правобранител.

0 Коментари

Остави коментари