Макс Ферстапен по победата во Германија минатиот викенд продолжи во ист стил и на денешните квалификации за пол-позицијата за ГН на Унгарија. Возачот на Ред Бул го оствари најдоброто време, за своја прва пол-позиција во кариерата. Воедно, ова е прва пол-позиција за болид со мотор на Хонда по пауза од години.
Мерцедес досега доминираше во квалификациите, но овојпат „сребрената стрела“ мораше да се задоволи со пониските места на пиедесталот. Валтери Ботас извозе одличен последен круг, но и тоа беше недоволно да се стигне до првата позиција. Финецот утрешната трка ќе ја стартува од второто место, пред актуелниот светски првак Луис Хамилтон.
0 Коментари