Макс Ферстапен победник на драматичната трка за Големата Награда на Германија
Foto

Макс Ферстапен победник на драматичната трка за Големата Награда на Германија

Макс Ферстапен е победник во трката за Големата Награда на Германија што се возеше денеска на патеката „Хокенхајм“. Возачот на Ред Бул најдобро се снајде на тешките услови и честите температурните промени, што не беше случај кај возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас. Најупорниот од нив, Себастијан Фетел, ја почна трката од последното место, а на крајот стигна до втората позиција.

Луис Хамилтон, тргна од пол-позицијата, но набрзо се соочи со проблеми, па беше казнет со пет секунди.

Хаос настана на дваесетина круга пред крајот, кога речиси сите болиди поради новите климатски промени тргнаа да ги менуваат болидите. Строл го стори тоа нешто претходно, па максимално профитираше и за момент се најде и на чело на колоната. Ферстапен набрзо се врати на првото место, а во прилог на асот на Ред Бул одеше и ситуацијата со ривалите од Мерцедес, Хамилтон поради проблеми со болидот се најде на „опашката“ од колоната, додека Ботас во обид да го стигне Ферстапен излета од патеката на шест круга до крајот.
 

Холанѓанецот стигна до втората победа сезонава, пред одличниот Фетел и Квијат, зад кого следеа Строл, Саинц, Албон, Раиконен, Џовинаци.

0 Коментари

Остави коментари