Макрон со нов мандат
Емануел Макрон ја доби довербата на французите и ќе ја предводи нацијата и во следните пет години. 58 проценти од жителите на Франција ги поддржуваат политиките на Макрон, доволно да му обезбедија уште еден мадат во Елисејската палата.
За кандидатот на десницата, Марин ле Пен пак гласаа 42 отсто од Французите. Пред Ајфеловата кула, старо-новиот претседател ја претстави програмата која ќе треба да го одбележи новиот мандат и вети дека ќе ја обедини поделената држава.
„Европски проект, социјален, еколошки, заснован на работа и создавање, проект за ослободување на нашите академски сили. Сакам да го носам овој проект со сила во годините што доаѓаат со тоа што ќе бидам складиште на поделбите што се изразени и разликите и со тоа што ќе осигурувам почит за сите, секој ден и ќе продолжам да работам за поправедно општество и еднаквост меѓу жените и мажите.“ - изјави Емануел Макрон претседател на франција.
Претставникот на крајната десница, Марин ле Пен, иако по втор пат губи на претседателски избори, е задоволна од резултатот, нарекувајќи го блескава победа со оглед на тоа дека за нејзината програма гласаа рекорден број на французи. Го предупреди Макрон дека за неколку недели следува нова битка, овој пат на парламентарните избори.
„Воопшто немам чувство на срам или разочарување. Оние кои сакаат да го видат исчезнувањето на нашата партија, тоа нема да се случи. Сакам да му порачам на Макрон и неговата партија дека ќе бидеме тука да се бориме за правата на граѓаните.“ - изјави Марин ле Пен.
Победата на Маркон ги израдува европските и светските лидери. Највисоките Фукнционери на Европската Унија, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен, велат дека се среќни што ќе можат да ја продолжат одлична соработка со Франција..Пораки за успех дојдоа и од Британија, Италија, Германија, САД и Русија.
Прославата сепак беше засенета од протести и инциденти во неколку градови низ Франција..Во немирите кои избија непосредно по објавувањето на прелиминарните резултати, стотици демонстранти се судрија со полицијата а беа запалени и голем број на автомобили..