Макрон не го ни спомена проширувањето
Foto

Макрон не го ни спомена проширувањето

Непосредно пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите но, не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговорите.

Макрон во врска со прашањето за давањето датум за почеток на преговорите за Македонија и Албанија, е единствениот кој засега цврсто останува на својост став, прво продлабочување на реформите во Унијата, а потоа проширување. Тој во околу петминутното обраќање пред новинарите, не кажа ништо по ова прашање.

Истовремено, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, изјави дека би се направила историска грешка ако не им се дозволи на двете земји да ги почнат преговорите. За Борисов не се јасни тврдењата дека постојат ризици од пристапувањето на двете земји.

 

0 Коментари

Остави коментари