Макрон најави проект „Историја на Европа“ на која ќе работат ЕУ академици
ЕУ академици ќе ја чешлаат историјата на Европа за време на француското претседавање со Унијата, македонските експерти порачуваат - проектот на Макрон ќе има влијание врз македонско-бугарскиот спор.
Претставувајки ги приоритетите на француското претседавање со ЕУ, Емануел Макрон најави дека сака да работи на проект Историјата на Европа, кој ќе има за цел да се бори против историски ревизионизам кој се населува во некои земји на ЕУ. Иако Балканот не е фокусот на оваа иницијатива на Париз, истата ќе има големо влијание врз Скопје и Софија, порачуваат експерти.
- Несомнено е дека ваква една историска дискусија, би имала влијание на проширувањето и специфично, на нашите дискусии со Бугарија , во контекст на историските прашања. Ние како земја веќе долго време бараме , Комсијата којашто работи со Бугарија да добие една интернационална димензија, да биде отворена кон Европа и пошироко. Поради што мислам дека ваквата дискусија на ЕУ и оваа иницијатива, веројатно би можела да го канализира, честопати екстремниот пат по којшто оди, големиот дел од Бугарската комисија. - изјави Симонида Кацарска.
Работата на европските историски експерти се очекува да се реализира од втората половина на годината, почнувајки од јуни. Оттука се поставува и прашањето колку македонско- бугарската комсија која веќе долко време тапка во место , би била потребна во иднина, ако минатото премине во раце на европски историски експерти.
- Очекувам Бугарија, секако да има инсистирање да постои оваа комисија, иако имаме нов развој со потенцијалниот нов мандатар којшто најави дека не треба ние да дискутираме само за историски прашања. Очекувам доколку оваа иницијатива се материјализира, би дала некоја рамка, би дала некој пример, по кој би моожела дискусијата на поваа наша комисија да се одвива, доколку се одлучи истата да продолжи со работа. - изјави Кацарска.
Денеска, на вториот ден од 16-тата средба, македонско бугарскиот тим на историчари се обиде да ги помести работите од мртва точка, но безуспешно. Од Комисијата велат дека разликите со бугарскиот тим и понатаму остануваат.
- Пристапот кој се заснова на позитивните европски искуства и препораките на Советот на Европа и УНЕСКО остануваат основа во работата на македонската страна во Комисијата и од тука произлегуваат главните недоразбирања со колегите од Софија, кои остануваат на исклучивиот пристап кој е туѓ на современото разбирање на историското образование кое подразбира мултиперспективен и интердисциплинарен пристап. По исцрпна дискусија вториот ден покажа дека двете страни се сè уште далеку од решение. - велат од Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија.
Mакедонскиот тим денеска работеше и со еден член помалку, откако историчарот Ѓоргиев скандалозно ја напушти Комсијата. Следната средба е закажана за 24 и 25 февруари следната година.