Макрон најави нови разговори за Украина со Трамп
Украина очекува одговор во наредните часови на барањата упатени до Русија, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
-Потоа, повторно ќе имаме можност да размениме мислења со (американскиот) претседател (Доналд) Трамп, изјави Макрон по завршувањето на состанокот на европските лидери во Тирана.
Макрон веќе разговараше по телефон попладнево со украинскиот претседател Володимир Зеленски, германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стармер и полскиот премиер Доналд Туск, заедно со американскиот претседател Доналд Трамп.
-Јасно е дека предлогот за безусловно примирје во моментов е единствената конкретна иницијатива на маса, рече Макрон.
Во случај да нема позитивен одговор од Москва, тој рече дека се подготвуваат понатамошни санкции во координација со Соединетите Американски Држави.