Макрон го пречека Пендаровски
Foto

Макрон го пречека Пендаровски

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва го пречека претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски на вечерата во Париз, пред Парискиот мировен форум.

-Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата во пресрет на Парискиот мировен форум, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон, заедно со шефовите на држави и учесници на Форумот, на кој ќе дискутираме за потребата од заеднички решенија за справување со глобалните предизвици, напиша Пендаровски на неговиот профил на Фејсбук.

Пендаровски, кој во Париз учествува на Парискиот мировен договор утре како што потврди кабинетот на претседателот, ќе има средба со Макрон. Пендаровски, покрај средбата со Макрон, ќе има и обраќање на форумот, на кој ќе учествуваат повеќе од 30 шефови на држави и влади.

Во рамките на форумот, Пендаровски ќе оствари средби и со генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, австриската канцеларка Бригит Биерлејн, како и со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Пендаровски на средбата со Макрон ќе има можност директно од него да ги слушне ставовите на Франција за проширувањето и за новата методологија на преговарање.

0 Коментари

Остави коментари