Макрон ги повика Путин и Ердоган на прекин на огнот во Сирија
Foto

Макрон ги повика Путин и Ердоган на прекин на огнот во Сирија

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика претседателите на Турција и Русија, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин, да ги прекинат непријателствата во Сирија и да договорат траен прекин на огнот.

Во одвоените телефонски разговори со двајцата претседатели Макрон изјавил дека е длабоко загрижен заради можната хуманитарна катастрофа предизвикана со сириската офанзива во Идлиб, пренесуваат британските медиуми.

„Претседателот истакна дека итниот прекин на огнот е неопходен и ги повика Русија и Турција да воспостават траен и проверлив прекин на огнот како што беше договорено со Франција и Германија на самитот во Истанбул во 2018 година“, соопшти Елисејската палата.

Макрон, исто така, изрази жалење заради смртта на турските војници во Сирија и ја повика Турција да соработува со ЕУ на мигрантското прашање.

0 Коментари

Остави коментари