Макрадули за ТВ 24: Треба да има повеќе дијалог во државата, а не да се води инает политика

Поранешниот пратеник на СДСМ Јани Макрадули во емисијата 24 Отворено рече дека владата и носителите на парламентарното мнозинство го оставија предлогот за уставните измени на чекање.

- Предлогот е сосема поинаков. Мислам дека конвергираме кон промени на уставот од аспект на вклучување на повеќе народи. Сметам дека требаше да има повеќе дијалог во државата. Не сметам дека СДСМ треба да се врзува дека Мицкоски вети дека ќе даде оставка, ако има уставни измени и обратно. Не треба да се води инает политика, туку да има консензус за доброто на граѓаните. Дали нам со отварање на преговорите ќе ни се отворат нови перспективи или ќе ги чекаме Косово или Босна. - вели Макрадули.