Макрадули во Отворено: Во овие две недели треба да се направи дипломатска офанизава
Поранешниот пратеник Јани Макрадули во Отворено рече дека македонскиот пат кон ЕУ е подобар доколку ги следиме пријателите од Европа.
Според него, пораките од Брисел се јасни.
„За жал се поделивме и по ова прашање за извештајот и поделбите ми сметаат, се генерираат од повеќе страни, не ни треба поделба. Сметам дека нашиот пат кон ЕУ подобро ќе го направиме со нашите пријатели во Европа. Се покажа дека имаме повеќе пријатели во Европа отколку во Бугарија. Полесно ќе се справиме со нашиот пат кон ЕУ доколку тоа го правиме низ бриселките ходници. Погрешна е тезата да се почне со директни преговори со Бугарија. Пријателите ни се во Брисел. Се плашам дека со секоја неодлучност ќе се донесе некое ново барање или услов. Пораките од Брисел се јасни. Ние ако влезевме со уставните измени онака како што велеше владата, ова немаше да биде тема денес. Пријателите ни се во Брисел.Ние мораме ова да го искористиме“, рече Макрадули.
Тој апелираше и до владата овие две недели да се сплотени и заеднички да спремат добра офанзива.
„Апелирам кај владата овие две недли европските престолнини да бидат место каде ќе поминуваат време со јака офанизва. Во парламентот да ги вклучат и опозициските пратеници, тоа е што ни треба. Кога се зборува во еден глас таму е полесно. Таква порака треба да испратиме. Ова денеска е добар резултат, победа на сите. Во овие две недели треба да се направи дипломатска офанизава“, додаде Макрадули.