„Макпетрол“ нема да увезува и испорачува природен гас до потрошувачите

Макпетрол“ нема да увезува и испорачува природен гас до потрошувачите. Од компанијата преку соопштение информираат дека причината за оваа ситуација се новите услови на работа кои ги предвидува прерано потпишаниот договор за интерконекција помеѓу државното претпријатие „Га-ма“  и „Булгартрансгас“ од Бугарија, поради кој досегашните услови според кои „Макпетрол“  увезува и испорачува природен гас до своите потрошувачи, не се применливи.

Во соопштението се додава дека од причина што до овој момент не се донесени подзаконските акти согласно Законот за енергетика, кои ќе го регулираат работењето на пазарот на природен гас во согласност со договорот за интерконекција, „Макпетрол“  нема можност да отпочне со новите услови на работа предвидени со новиот договор за интерконекција.

 Дополнителен проблем преставува и фактот што и по 5  години од донесувањето на Зконот за енергетика сè уште нема сертифициран оператор на системот за пренос на природен гас, кој е должен да ги донесе потребните подзаконски акти.