Махмуд е победник на фестивалот Сан Ремо и претставник на Италија на Песна на Евровизија
Foto

Махмуд е победник на фестивалот Сан Ремо и претставник на Италија на Песна на Евровизија

Пејачот Махмуд е победник на 69тото издание на музичкиот фестивал Сан Рено. Тој ги освои сите поени од жири комисијата, новинарите, гпубликата и телефонското и смс гласање.

Првата вечер на фестиввалот кој се одржува во салата Аристон започна со претставувањето на сите 24 учесници и немаше елиминации. Годинава гласањето се одвиваше преку жири комисија, телефонско гласање. На втората и третата вечер настапија по 12 од 24 учесници. Четвртата вечер беше резервирана за изведувачите овојпат  во дует, a за најдобар дует беше прогласен дуетот на Мота со Нада Маламина.

Како специјални гости се појавија моделот Мишел Ханцингер која долги години го водеше фестивалот, Пипо Баудо кој истотака по неколку години повторно застана на сцената во Аристон како помошник водител, Умберто Тоци, Андреа Бочели кој пееше заедно со неговиот син Матео. На финалето како специјален гостин се појави и мега ѕвездата Ерос Рамацоти, кој пред 35 години победи кана фестивалот како дебитант.

На финалето настапија сите 24 учесници и се глааше телефонски и смс пораки, а во конечната одлука за победникот ја носеше збирот од пораките, телефонските гласови, жири комисијата составена од прикзнати музичари, публиката во салата и акредитираните новинари.

Гласањето на стручното жири беше проследено со многу негодувања од публиката во салата. По полноќ беа доделени наградите за најдобар аранжман, музика, текст, настап најслушана песна. Ултимо, Ил Воло и Мамуд беа тројцата финалисти кои освоија вкупно најмногу гласови. Третото место му припадна на пејачот Ултимо, второто место го освои групата Ил Воло, а победникот 26 годишниот Махмуд ќе ја претставува Италија на Песна на Евровизија во Тел Авив, Израел, со песната „Пари“. Тој директно ќе учествува во финалето заедно со Израел, Германија, Велика Британија, Франција и Шпанија.

Водители на годинешното издание беа Вирџинија Рафаеле, Клаудио Баљони и Клаудио Бизио, на кои ова им првпат да се појават во улога на водители на фестивалот и имаа и свои музички точки.

0 Коментари

Остави коментари