„Макфест“ годинава на отворено
Foto

„Макфест“ годинава на отворено

Коронавирусот ја смени локацијата на еден од најстарите музички фестивали во државата - „Макфест“. 

„Макфест“ годинава ќе се одржи на отворено, на градскиот плоштад на 18-ти и 19-ти септември. Организаторите велат дека ќе се почитуваат сите протоколи. 

Ќе има ревијална вечер на која ќе настапат 8 изведувачи, дел од нив победници на фестивалот. Втората вечер ќе биде натпреварувачка и на неа ќе настапат 24 пејачи. 

Наградите остануваат исти како и претходните години, 5.000 евра за прво место, 3.000 евра за второ и 1,000 евра за трето место. 

Ќе се доделат и наградите за најдобар аранжман, за најдобар сценски настап и за дебитант, но нема да се додели наградата за најдобра интерпретација, бидејќи натпреварувачката вечер поради здравствените протоколи што бараат посебен микрофон за секој изведувач ќе биде на плејбек.

0 Коментари

Остави коментари