„Макфест“ годинава ќе се одржи на отворено
Foto

„Макфест“ годинава ќе се одржи на отворено

Штип годинава нема да ја организира манифестацијата штипска „Пастрамајлијада“, додека фестивалот „Макфест“ за првпат ќе се одржи на отворено. Одлуката е донесена поради пандемијата и посебните протоколи за организирање на вакви настани.

Градоначалникот Благој Бочварски вели дека „Макфест“ годинава слави 35 години од постоењето и оти и пред да започне состојбата со корона вирусот сакале овој јубилеј да биде посебен бидејќи тоа го заслужуваат и изведувачите и гледачите.

– Поради новонастанатата состојба со Ковид 19 одлучивме за првпат во историјата, фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ да се одржи на отворено, односно на градскиот плоштад „Слобода“, каде ќе се одржат две фестивалски вечери. Првата вечер ќе се слушаат најпознатите стари хитови од „Макфест“ од наши познати изведувачи, а втората вечер ќе биде директно финална вечер каде ќе настапуваат сите оние кои се пријавиле, вели Бочварски.

На Градскиот плоштад „Слобода“ ќе има место за околу 400 гледачи, а фестивалот „Макфест“ се планира да се одржи кон крајот на септември.

0 Коментари

Остави коментари