Макфест донесе нови имиња и хитови

На годинешното 41 издание на „Макфест 2026“ во текот на две вечери, на 30 и 31 октомври, публиката слушна 27 нови композиции.

Првата вечер им припадна на помалку познатите изведувачи и 15 песни, а шестмина од учесниците добија можност да настапат и на втората вечер. 

Во чест на еден од најпознатите кантавтори Владо Јаневски беа пуштени неколку негови песни, а публиката ракоплескаше и ги пееше неговите големи хитови „Еден бакнеж“ и „Чаирска романтика“. На „Чаирска романтика“ настапија танчари. На видеобимот се емитуваа слики и видеа од Јаневски, а водителите Маријана Станојковска и Димитар Атанасовски кажаа дека великани како него никогаш не умираат и дека неговите песни остануваат тука за да нè потсетуваат на неговата големина. Владо Јаневски има посебно место во историјата на Макфест. Во 1993 со „Чаирска романтика“ го освои второто место, а следната година победи со „Еден бакнеж“. На фестивалската сцена настапи и во 1986 и 1991 година, а во 2023 се врати како ревијален гостин со песната „Златни години“.

Во втората вечер се пласираа „Арте-Факт“, Тамара Грујеска, Елена Наумова, Теа Златева, Анастасија Спасевска и Драгана Јовановска. Тие повторно ќе настапат пред македонската публика со своите композиции.

На втората вечер беа изведени 18 композиции. Шест се избраните од првата вечер, заедно со останатите 12 се нови песни подготвени специјално за фестивалот. На сцената се појавија Агни Авшар, Наташа Малинкова, Марија Данева, Викторија Лоба, Јован Јованов и Тони Зен, Теа Трајковска, Марија Спасовска, Ристо Самарџиев, Елвир Мекиќ, Врчак, Симона Поповска, Огнен Здравковски и Давид Темелков. Втората вечер беше замислена како комбинацијата од различни генерации и стилови.

Во ревијалниот дел на првата вечер настапи Антонија Гиговска, која изведе дел од најпознатите фестивалски хитови на „Макфест“. 

Лара Иванова доби признание за најслушана песна од минатогодишното издание на фестивалот „Макфест“, во периодот од одржувањето на фестивалот до денес за песната „Доминантен“.