Македонското МНР објави контакти за помош на наши државјани кои се наоѓаат во Израел и во Иран

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви. 

Воедно, Министерството апелира до сите државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, се до подобрување на безбедносната состојба.

До овој момент вкупно 22 лица, државјани на Македонија, побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Македонија.