Македонското архитектонско наследство е сериозно загрозено
Foto

Македонското архитектонско наследство е сериозно загрозено

Oпасноста во која се доведе Oхрид, да го загуби статусот на заштитен град од УНЕСКО, ја отвори дилемата, како се чува архитектонското наследство на Македонија.

Експертите се согласни, земјава го губи своето автентично архитектонско лице. Марилиз Ортиз е директорка на Национална асоцијација на впечатливи локалитети и градови на Франција. Вели дека во нејзината земја, пред шеесетина години имало тенденција на уништување на архитектонското наследство. Но, она што го направила Франција тогаш, е вистинскиот модел, како и Македонија може да го спаси богатото наследство.

Со неа се согласува и велешкиот градоначалник Аце Коцевски, кој е и претседател на македонската Асоцијација на градови со архитектонско наследство. Тој вели дека ова национално богатство е сериозно загрозено.

Во случајот со Охрид, Ортиз вели дека државата мора да донесе закони, кои ќе го сочуваат градот од неразумно градење.

Велес е еден од трите градови, заедно со Охрид и Крушево, кои имаат специфична архитектура. Затоа, должни сме на идните генерации да им го пренесеме културното наследство, вели Коцевски.

Деновиве во Велес, Ортиз беше гостинка на македонската Асоцијација на градови со архитектонско наследство. Со свои колеги од повеќе македонски градови, таа размени искуства, а се договорија неколку заеднички проекти, но и обука на архитекти и занаетчии, со чија помош ќе се спаси значаен дел од културното наследство на земјата.

0 Коментари

Остави коментари