Македонско здравство: Битолската болница ќе мора да ги одвои живите од починатите пациенти
Foto

Македонско здравство: Битолската болница ќе мора да ги одвои живите од починатите пациенти

Битолската болница ќе мора да го прошири капацитетот на мртовечницата или да обезбеди соодветна просторија, каде што ќе ги сместува починатите пациенти од ковид-19.

Ова го наложи инспекцијата во болницата, откако пред неколку дена на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како пациент со коронавирус добива инфузија, а до него лежат двајца починати.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Иринка Сотирова Бухова вели дека инспекцискиот надзор во битолската болница инициран по овој случај завршил за 48 часа.

Според Бухова, инспекторите утврдиле дека настанот се случил во време кога за два дена во болницата починале 13 пациенти, а мртовечницата била со капацитет само за четири тела, па затоа починатите биле оставени во иста просторија, заедно со живи пациенти.

За реакциите за лошите хигиенски услови во битолската болница, Бухова вели дека уште лани издале решение за забрана на спорниот санитарен јазол, кој требало да се реконструира.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат досега иницирал 21 вонреден инспекциски надзор, од кои девет се се уште во тек.

0 Коментари

Остави коментари