„Македонско најдобро: Нашата традиција, нашата гордост“
Со маркетинг стратегија министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ќе ги убедува граѓаните да купуваат домашни производи.
Министерот Трипуновски е задоволен и од растот на извозот на земјоделските производи, статистика забележала раст од 50 отсто во споредба со првите пет месеци од минатата година, според него ова е јасен показател дека земјоделските политики се движат во вистинска насока и во иднина земјата не само што ќе ги задоволува домашните потреби, туку и ќе продолжи да го зголемува извозот.
Реална ли е можноста да има зголемување на откупната цена за земјоделците а намалување за крајните потрошувачи Трипуновски вели дека министерството овозможило големите маркети да се спојат директно со примарните произведувачи како би се намалиле трговските трошоци што значи повеќе пари за земјоделците а поевтино за купувачите.
Населението може да си дозволи за помалку пари банани и цитрусни овошја отколку да купи земјоделски производи од ова подневје.
Цените во земјоделството во јуни, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 3.2% кај инпутот и за 18.0% кај аутпутот покажува последниот извештај на статистика за индексот на цените во земјоделството, раст за 22.2% кај растителното производство и 6.9% кај добиточното производство.

