Македонско грчки ИКТ форум во Скопје
Претставници од ИКТ индустријата, институциите и бизнис-заедницата од Македонија и од Грција во Скопје разговараат за унапредување на регионалната дигитална соработка, поттикнување на нови деловни партнерства и отворање на можности за заеднички настап на европските пазари.
На форумот што го организираат МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии и СETPE – Асоцијација на компании за информатички технологии од Грција учествуваат над 100 претставници на компании и институции од двете земји.

