Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
На форумот што го организираат МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии и SETPE – Асоцијација на компании за информатички технологии од Грција се очекува да учествуваат над 100 претставници на компании и институции од двете земји.
Во рамки на форумот предвидено е и официјално потпишување на Меморандум за соработка меѓу МАСИТ и SETPE.

