Македонско - бугарските односи се подобруваат, Радев потсетува да не се забораваат барањата на Софија
Foto

Македонско - бугарските односи се подобруваат, Радев потсетува да не се забораваат барањата на Софија

Предлог за македонски амбасадор во Бугарија се очекува во следните денови . По скоро две години празно амбасадорско место, шефот на дипломатијата Бујар Османи во интервју за БТВ потврди дека се разговара за ова прашање и следниот период ќе се предложи име на амбасадор кој ќе ја претставува Македонија во Софија. 

- Навистина беше пропуст што сите овие години ние немавме амбасадор таму. Сѐ уште немаме утврдено име. Се надевам дека во наредните денови ќе имаме предлог за амбасадор. - изјави Бујар Османи МНР.

Досега контактот меѓу Скопје и Софија го оддржуваше специјалниот претставник Бучковски кој од неодамна е разрешен од позицијата. Дека и официјална Софија е заинтересирана што побрзо да се пополни тоа место, е изјавата на бугарскиот премиер Петков кој кажа дека за време на официјална посетра на земјата , добил уверување од претседателот Пендаровски дека штом ќе го добие предлогот веднаш ќе се одобри за да нема дупка во дипломатските односи. Петков денеска порача дека нема време за губење и двете држави мора да ги исполнат поголемиот дел од обврските. 

- Имаме можност да направиме нешто што не е направено во последните 30 години. Нема да губиме ниту минута за да ги претвориме овие ставови во вистински резултати. Ќе направиме вистински план со реални достигнувања што треба да се постигнат во следните шест месеци. - изјави Кирил Петков премиер на Р. Бугарија.

И додека во Скопје и Софија се интензивираат подготовките за меѓувладината седница на 25 јануари, бугарскиот претседател Радев Румен денеска  потсети да не се заборават и главните прашања кои треба да бидат решени за да се тргне ветото од македонските преговори со ЕУ. 

- Ќе ви ги кажам пак. Тоа е впишувањето на македонските Бугари во Уставот, рамноправно со другите народи, како заштита на нивните права и давање на можност за нивно целосно интгрирање во културниот, економскиот, политичкиот живот во државата. Запирање на говорот на омразата и на секакво посегнување по бугарската историја и култура. - изјави Румен Радев претседател на Р. Бугарија.

Според Радев, реципроцитет за вметнување на Бугарите во македонскиот Устав не е возможен и повторно се повика на бугарскиот Устав кој не признава колективни, туку индивидуални права на своите граѓани. И покрај ова, Радев порача дека посетата на Скопје од страна на бугарскиот преиер била успешна и гледа позитивни сигнали за соработка.

0 Коментари

Остави коментари