Македонско бугарскиот спор се пресели во Европскиот парламент
Македонско-бугарскиот спор се пресели во Европскиот парламент.
За време на денешната дебата во Стразбур на мешовитоот парламентарен комитет Македонија-ЕУ, бугарскиот европратеник Александар Јорданов и порача на пратеничката од редовите на Нова социјалдемократска партија Соња Мираковска дека Советот на ЕУ веќе дал став во јасно е кажано дека Македонија пред се треба да изврши промена на својот устав, па потоа да ги започне реалните преговори за членство во ЕУ.
Мираковска одговори дека таа е македонка, зборува македонски јазик и тоа е нејзиниот идентитет. Во својата реплика Мираковска истакна и дека поради долгото чекање на земјава за почнување на преговорите со ЕУ се појавил проблем, а тоа се бугарските пасоши, кои вели се издавани на нелегален начин.
Во европскиот парламент во Стразбур во тек е 20-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија и ЕУ, а делегацијата од македонската страна ја предводи токму Мираковска како копретседавач на мешовитиот парламентарен комитет.