Македонските шахисти се искачија на 25. место по шест кола на Олимпијадата во Унгарија
Македонската шаховска репрезентација забележа убедлива победа со 4:0 над Хонг Конг во 6. коло на Олимпијадата во Будимпешта.
По вчерашниот убедлив триумф, Македонија има биланс од четири победи и два пораза и се наоѓа на високото 25. место во конкуренција на 197 држави.
Следен противник на македонската репрезентација е Швајцарија.
На женскиот турнир од Олимпијадата, македонската репрезентација е 83-то пласирана. Нашиет шахистки во следното коло ќе се соочат со репрезентативкиет на Тринидад и Тобаго.
Во двете конкуренции лидер на на табелите се репрезентативците на Индија со максимални шест победи.