Македонските ракометари триумфираа во Исланд со 34-33
Foto

Македонските ракометари триумфираа во Исланд со 34-33

Македонската ракометна репрезентација забележа победа вечерва на гостувањето кај Исалнд со 34:33 и направи голем исчекор кон пласман на Европското првенство 2020.

Победничкиот гол го постигна Дејан Манасков во последната секунда, откако претходно неговиот удар од пенал домашниот голман го одбрани, но за наша среќа топката се одби кај македонското лево крило.

За Македонија ова беше прва победа на гостувањата на Исланд.

Воедно ова е деби триумф Данило Брестовац кој за првпат ги предводеше „црвено-жолтите“ во улога на селектор.

На првиот дуел од 3.коло во квалификациите за ЕП 2020, во Групата-3, Турција на гости ја совлада Грција со 26:22.

На првите две места на табелата се Македонија и Исланд со по четири бода, Турција има 2, исто толку и Грција.

Во следното коло македонските ракометари, в недела во Скопје се домаќини на исландската репрезентација. 

0 Коментари

Остави коментари