Македонските ракометари со триумф над Швајцарија го прославија пласманот на ЕП
Foto

Македонските ракометари со триумф над Швајцарија го прославија пласманот на ЕП

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Скопје ја совлада Швајцарија со 29:28 во последното коло од квалификациите за Европското првенство. Иако Македонците и пред натпреварот го имаа обезбедено учеството на евро-шампионатот, одиграа без калкулации и на крајот заслужено се радуваа.

„Црвено-жолтите“ до победата ги предводеа селекторот Кирил Лазаров и Филип Кузмановски со по шест гола, како и голманот Никола Митревски со 15 одбрани. На другиот меч од 6. коло во седмата група, Данска ја победи Финска 46:24.

Македонскиот национален тим го обезбеди своето седмо учество на континенталните ракометни собири каде од групата ќе патуваат и Данците. Европското првенство ќе се игра во јануари следната година во Словачка и во Унгарија.

0 Коментари

Остави коментари