Македонските ракометари против Франција во баражот за СП 2021
Foto

Македонските ракометари против Франција во баражот за СП 2021

Вчера се одржа извлекувањето на двојките за баражот за Светското Првенство што во јануари 2021 година ќе се игра во Египет. Северна Македонија за противник во баражот ја доби селекцијата на Франција.

Првиот меч ќе се игра во Скопје во периодот од 05 до 07 јуни, додека ревашнот во Франција ќе се одигра во периодот од 09 до 11 јуни.

На Светското Првенство во Египет, покрај организаторот и актуелниот шампион Данска, пласман веќе имаат обезбедено: Хрватска, Норвешка, Шпанија, Алжир, Ангола, Капе Верде, Конго, Мароко, Тунис, Бахреин, Јапонија, Катар, Јужна Кореја, Аргентина, Бразил и Уругвај.

Светското ќе се игра во пет градови: Каиро, Шарм Ел Шеик, Хургада, Суез и Луксор. Ќе настапат вкупно 32 репрезентации поделени во осум групи по четири репрезентации, а предвидено е да се игра во периодот од 14 до 31 јануари 2021 година.

0 Коментари

Остави коментари