Македонските ракометари ја поразија Грција за крај на квалификациите за ЕУРО 2020
Foto

Македонските ракометари ја поразија Грција за крај на квалификациите за ЕУРО 2020

Ракометарите на Македонија ја поразија вечерва репрезентацијата на Грција со резултат 27:23.

Почетокот на натпреварот беше во знакот на гостите, кои дури имаа и предност од три гола, но македонските ракометари успеаја да ја стопат предноста дури и да направат пресврт при крајот на првото полувреме, за да во второто полувреме сигурно ја задржа доминацијата до крајот на натпреварот.

Со вечерашната победа македонската репрезентација го обезбеди првото место во групата, што значи и подобра позиција пред претстојната ждрепка за Европското првенство 2020 година.

Ова е втор меѓусебен дуел на двете репрезентации за помалку од една година, во кој  „црвено-жолтите“ се реваншираа за поразот претрпен од Грците во октомври минатата година. 

0 Коментари

Остави коментари