Македонските ракометари – играат за македонските навивачи – 18:11 на полувреме против Словачка
Македонската ракометна репрезентација е на чекор до ново учество на големо натпреварување откако на полувреме од реванш баражот води против Словачка со 18:11. Во прекрасна атмосфера во исполнетата сала во СЦ „Борис Трајковски“ македонските ракометари играат пред сè за македонските фанови.
Македонските ракометари бодрени од македонските фанови по десет минути игра водеа со пет разлика (7:2). По водството од 9:3 словачкиот селектор побара тајм аут во 12.минута, но ништо не се промени и македонските ракометари поведоа и со 12:4. По 20.минути игра Словачка направи серија од 3-0 и намали на 13:8.
Најефиксен е Филип Кузмановски со 6 голови, додека голманот Мартин Томовски има 6 одбрани.
Првиот дуел одигран во Прешов заврши во корист на македонската репрезентација со 31:24.
Пласман на СП 2027 во Германија изборија: Норвешка, Фарски острови, Шпанија, Грција, Полска, Франција, Словенија, Србија и Италија.


