Македонските превозници в понеделник ќе ги блокираат деветте гранични премини, незадоволни од новиот систем за влез и излез од Шенген зоната
Македонските превозници в понеделник ќе ги блокираат 9-те гранични премини кон Бугарија, Грција, Албанија и Косово.
Точно на пладне, заедно со колегите од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе ги паркираат камионите на транспортните терминали на границите, најавувајќи целосна блокада на товарниот сообраќај кон Европската Унија.
Превозниците се незадоволни од новиот систем за влез и излез во земјите од Шенген зоната, со кој им се ограничува времето за престој на само 90, односно 180 дена годишно...

