Македонските одбојкари триумфираа над БиХ за стартна победа во квалификациите за Европското првенство
Foto

Македонските одбојкари триумфираа над БиХ за стартна победа во квалификациите за Европското првенство

Македонската одбојкарска репрезентација победнички ги започна квалификациите за пласман на Европското првенство, откако вечерва во Скопје ја совлада Босна и Херцеговина (БиХ) со 3:1.

Македонските одбојкари ги решија во своја корист воведните два сета (27:25, 25:21), по што уследи пад во играта и загубен трет сет со 25:23.

Сепак, избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ брзо ги консолидираа своите редови и го добија четвртиот сет со 25:19  за конечен триумф од 3:1.

Фаворитот Турција, в среда, е следен противник на македонските одбојкари во Ц-квалификациската група, што во двокружен систем до 16 јануари ќе се игра во салата „Борис Трајковски“.

Четвртата репрезентација во Ц-групата Данска го откажа настапот во квалификациите.

Пласман на Европското првенство ќе обезбедат победниците во седумте квалификациски групи, како и петте најдобро второпласирани репрезентации.

Завршницата ќе се одржи на крајот на претстојното лето во Полска, Чешка, Естонија и Финска.

0 Коментари

Остави коментари