Македонските научници ќе соработуваат со австриски партнери, МОН одобри 14 проекти

Министерството за образование и наука ќе го финансира спроведувањето 14 заеднички македонско-австриски научноистражувачки проекти во области со висок развоен потенцијал, дефинирани во Стратегијата за паметна специјализација на државата – соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Проектите ќе се реализираат во областите паметно земјоделство и храна со повисока додадена вредност, информациски и комуникациски технологии, електромашинска индустрија, енергија и туризам.