Македонските кошаркарки посрамотени со 65 разлика во Германија
Foto

Македонските кошаркарки посрамотени со 65 разлика во Германија

Женската македонска кошаркарска репрезентација, очекувано, квалификациите за ЕП 2021 ги почна со повеќе од убедлив пораз на гостувањето кај Германија, со 40-105, без разлика што противникот не е е меѓу подобрите селекции во Европа.

Колкава беше разликата во квалитет најдобро говори податокот што Германките остварија речиси двојно повеќе скокови (66) од бројот на поени кои ги постигнаа избраничките на селекторот Владимир Ѓорѓевиќ. Единствени што нешто се трудеа да направат во составот на Македонија беа Александра Стојановски со 16 и Нена Трајчевска со 15 поени, додека сите останати едвај постигнаа девет поени.

Во вториот меч во нашата квалификациска група, Хрватска како гостин ја изненади Летонија (83-65), која, пак, е нашиот следен противник, в недела во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

0 Коментари

Остави коментари