Македонските кошаркари на стартот слободни, а во последното коло гостуваат на Кипар

По извлекувањето на групите за втората рунда од претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029, познат е и календарот на натпреварите во групата „Ф“, во која машката сениорска репрезентација на Македонија ќе ги одмери силите со селекциите на Австрија и Кипар.

Од причина што има три репрезентации, во секое коло ќе има по една слободна, а македонскиот национален тим во првото коло е слободен и првиот дуел го игра против Австрија на гостински терен на 30. август. Во третото коло сме домаќини на Кипар, а во четвртата рунда повторно сме слободни. Во последните два дуела ни се на домашен терен со Австрија и на гости против Кипар.

Натпреварите ќе се играат во три „прозорци“ по два натпревара: август 2026, ноември 2026 и февруари 2027.

Првопласираната селекција обезбедува пласман во квалификациите за Евробаскет 2029.