Македонските кадети убедливо поразени од Јапонија на Светското првенство во Скопје
Foto

Македонските кадети убедливо поразени од Јапонија на Светското првенство во Скопје

Кадетската репрезентација на Македонија вечерва доживеа пораз со 22:31 од Јапонија во рамки на 5 коло на Светското првенство кое се игра во нашата земја.

Азијците поведоа на стартот со 0:7, а македонските ракометари цел натпревар го бркаа резултатот и се обидуваа да ја стигнат разликата, која така и не успеаја да ја анулираат до крајот.

Најдобар стрелец кај „жолто-црвените“ беше Костески со 8 гола, а Серафимов помогна со 4 гола.

На тој начин нашите млади ракометари групната фаза ја завршија со две победи (Бахреин и Нигерија) и три порази (Данска, Аргентина и Јапонија) и завршија како четврта.

По овој епилог на настаните, противник на Северна Македонија во осминафиналето ќе биде Поргугалија. Подобриот од дуелот ќе измери сили во четвртфиналето со Франција или Шпанија.

Осминафиналните дуели се играат во среда, 14 август.

0 Коментари

Остави коментари