Македонските институции - жртви на меѓународни хакери
Не сите приватни компании и институции го пријавуваат компјутерскиот криминал, што ја отежнува борбата против него. Затоа органите на прогонот не можат да направат анализа од каде најчесто доаѓаат нападите.
Сепак, според она што досега го имаат, земјава ја напаѓаат хакери од странски земји, вели Марина Пешовска, истражителка за компјутерски криминал од ОЈО Скопје.
Со брзиот развој на технологијата, компјутерскиот криминал зема се поголем замав, а граѓаните се жртви на измами, но и кражби на лични податоци. Земјава е вклучена и во меѓународни истраги, а еден таков, од пред неколку години, резултираше со апесње на двајца Македонци, кои на таканаречениот „дарквеб“, биле носечки лица на одреден маркет за продажба на банкарски податоци од платежни картички.
Пред две години земјава, но и регионот беше цел на лажни пријави за бомби, најчесто во училиштата. Досега, сторителите не се пронајдени. Од друга страна, изманите на социјалните мрежи се речиси секојдневни, а еден од последните такви беше измамата со лажни пратки, за кои хакерите, претставувајќи се како Македонска пошта, бараа податоци за банкарските сметки на граѓаните.