Македонските и бугарските историчари го одржуваат 13. состанок
Foto

Македонските и бугарските историчари го одржуваат 13. состанок

Без нова бугарска влада, но со нови амбиции, Комисијата за историски прашања меѓу Македонија и Бугарија оддржува нов состанок. Заглавени под сопствените факти, историчарите денеска и утре имаат шанса да докажат дека врз Комисијата нема политички влијанија.  

Според информации на телевизија 24, денеска на масата на разговори е Цар Самоил, утре можеби најжешката тема - Гоце Делчев.

Под превез на тајна, членовите од македонскиот тим мудро молчат и не откриваат детали. Овој пат и бугарскиот тим не се расфрла со изјави за медиумите. Не кажуваат во каква атмосфера течат разговорите, ниту пак какви се шансте за минимален напредок во работата и дали воопшто ќе стигнат утре да разговараат за Делчев. 

Минатите искуства покажаа никој  не попушта, а двете страни се држат до своето. По последната средба, бугарската страна обвини дека  македонскиот тим бил целосно воздржан на инсистирањата на Бугарија дека заедничката историја започнала во Средниот век. Шефот на бугарскиот тим Ангел Димитров обвинии и дека кај македонските колеги постоел таканаречен двоен стандард во проценката за Самоил.

Извори од тимот на македонските членови на Комисијата, тогаш, брифираа дека понудиле неколку предлози за Цар Самоил кои претставувале чекор напред од нивните досегашни позиции, но дека бугарските историчари ги одбиле и останале на своитe стари ставови  да се наметне еднозначно решение кое е во полза само на Софија.

Средбата во декември пак беше карактеризирана како тотално фијаско. Преспанскиот Договор кој треба да ги отвори вратите, историчарите го ставија како пречка за понатамошни разговори, а бугарскиот тим ја оспори и придавката македонски.

Денеска виртуелната врска на релација Скопје - Софија започна во 9 часот и 30 минути. Се дебатира скоро цел ден, а ќе продолжат и утре.

0 Коментари

Остави коментари