Македонските граѓани лани „прокоцкале“ 800 милиони евра во казината и обложувалниците

Договорите за онлајн казината кои во име на претходната Влада ги потпиша тогашниот прв вицепремиер Артан Груби се незаконски, тврди Изет Меџити од Влен.

Тој најави дека дека една од првите задачи на новата Влада ќе биде да се разгледаат дадените концесии, за кои Меџити тврди, дека се издадени на веќе издадени концесии. Ако се утврди криминалот, обвинителството мора да покрене истрага, вели екс градоначалникот на Чаир.

Дури 800 милиони евра потрошиле граѓаните во коцкарниците и обложувалниците лани, пресмета порталот Пари. Чистата добивка на 58-те регистрирани субјекти изнесува 70 милиони евра.

Една од најпрофитните е Државната лотарија, чие работење беше и најкритикувано од претходната опозиција, која го обвинуваше дека ДУИ дека прави приватни бизнис зделки со неа. И покрај сето ова, добивката за државата од овој бизнис е несоодветна, оти се толерира нелегалното работење, вели Меџити.

Мнозинството од претходниот парламентарен состав во февруари ги изгласа измените во законот за игри на среќа, со кои беше планирано објектите во кои се уплаќа да се оддалечат 500 метри од училиштата. Сепак, закоот прво не го потпиша тогашниот шеф на државата Пендаровски, а во вториот обид, не доби доволно гласови за да биде изгласан.

Тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваше ДУИ и првиот вицепремиер Артан Груби дека го приватизираат овој бизнис.