Македонските граѓани и годинава ќе јадат скапо јагнешко месо за Велигден
Foto

Македонските граѓани и годинава ќе јадат скапо јагнешко месо за Велигден

Ниската откупна цена на јагнето нема да ја намали цената на јагнешкото месо за велигденските празници. Во месарниците тоа се продава помеѓу 320 и 340 денари по килограм. Одгледувачите на јагниња велат дека во овој бизнис најголеми губитници се тие, а најголемиот ќар од нивната мака, го имаат трговците, кои го купуваат јагнето по цена речиси тројно пониска од онаа во месарниците.

Откупот заврши, но дупката во нивните буџети се продлабочи. Сточарите велат дека ова е една од најтешките години за нив. Пред еден месец тие излегоа на протести, барајќи државата да ја покрие разликата од производна до откупна цена, која се движи околу една евро по килограм. За нив прифатлив е и моделот на субвенционирање на откупувачот, кој пак на сточарите ќе им гарантира откупна цена најмалку во висина на производната.

По завршувањето на изборите, сточарите ќе седнат на маса со претставниците на министерстото за земјоделие, за да се договори моделот за идните откупни сезони. Во меѓувреме, трае пописот на сточните грла, кој треба да ги прекине евентуалните манипулации и ќе овозможи субвенционирање на реален број стока.

0 Коментари

Остави коментари