Македонските фудбалери одиграа нерешено 1:1 на домашен терен против Казахстан
Македонската фудбалска репрезентација вчеравечер во Скопје одигра нерешено 1:1 со Казахстан во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026.
На другиот дуел од оваа група, Белгија како гостин го совлада Велс со 4:2. Со оваа победа Белгија изби на првата позиција на табелата со 14 бодови, Македонија има 13, а Велс остана со 10. Казахстан в го освои 7 бод, додека Лихтенштајн е без бод.
Нашата репрезентација последниот натпревар го игра во Кардиф против Велс на гостински терен на 18. ноември.
ФОТО: ФФМ

