Македонските фудбалери ја пречекуваат Малта во првиот натпревар од квалификациите за Еуро 2024
Македонската фудбалска репрезентација вечерва е домаќин на Малта во првиот натпревар од новиот квалификациски циклус.
„Црвено-жолтите“ во овој дуел влегуваат како фаворити и се надеваат на три бода на стартот во квалификациите за Еуро 2024.
Натпреварот се игра вечерва со почеток од 20:45 часот на национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.