Македонските Бугари на средба со еврокомесарот Вархеји

Македонските Бугари денеска во Брисел се пожалија на еврокомесарот Вархеји дека се дискриминирани и немаат дијалог со властите во земјава.

Делегацијата ја предводеа Петар Колев, Георги Трендафилов и Љубчо Георгиевски, а веднаш по средбата со еврокомесарот за проширување Вархеји, за бугарските медиуми порача дека го известиле дека иднината на Македонија е во ЕУ, но не врз грбот на Бугарите во земјава.

Телевизија 24 ги контактираше, но одоговор нема, за бугарската БГНЕС изјавија

- Парламентот во РСМ наместо да работи на измени за вклучување на Бугарите во Уставот со цел побрзо отпочнување на преговорите со ЕУ, донесува законска регулатива со цел затворање на клубовите на локалните Бугари во РСМ. Очекуваме во следниот ИК извештај за напредокот на РСМ да ги вклучи прашањата за кои разговаравме на оваа средба.

А шефот на делегацијата за Македонија во Европарламентот Андреас Шредер, еден од потписниците на изјавата за осуда на европратеникот Џамбаски, вчера во интервју за телевизија 24, на прашањето како ја оценува средбата на Вархеји со Бугарите од Македонија, порача.

Тој е разочарување, затоа што понекогаш ја промашува поентата каде неговата активност е многу потребна, со цел да го помогне процесот на зачленување на Западен Балкан и да има помогне на земјите како Северна Македонија да има европска иднина. - изјави Андреас Шредер.

Барањето за разговор со Вархеји е упатено пред два месеци, поточно на 2 декември 2022 година. А денешната средба се случува во време на големи тензии меѓу Скопје и Софија пред чествувањето на Делчев на 4ти фервруари.