„Македонскиот јазик и идентитет“ ќе се избрише од извештајот за Македонија во на ЕП
Дипломатска елиминација на „македонски јазик и идентитет“ од Извештајот за Македонија, трите најголеми европски партии со заеднички амандман ќе ги исечат термините од документот - Мицкоски обвини за талибанска интервенција.
На барање на Европската народна партија, каде членува ВМРО-ДПМНЕ, а во согласност со социјалистите и либералите, каде членуваат СДСМ и ЛДП, постигнат е договор – македонскиот јазик и идентитет да се исфрлат од извештајот за напредокот на земјата, при гласањето на пленарната седница на 8ми јули.
Според Мицкоски ова е инженерингот за кој предупредил пред два дена, за време на посетата на Марта Кос. Ја префрли одговорноста на претходната власт, обвинувајќи ги за манипулација .
Христијан Мицкоски премиер 8.40 - Исто како и да стоеше модерен, буквално е подеднакво лошо. Но она што е важно е оној мал чекор , кога помина на Комитетот за Надворешни работи ( АФЕТ ) ќе остане во колективната меморија. За жал оние егзибиции кои седум години се случуваа кај нас, дома, не доведоа до една ваква ситуација, еве, има еден збор кој не сакам да го употребам, но ќе го употребам, ќе одам чекор понапред – на талибански начин се бриши македонскиот идентитет и македонскиот јазик од Извештајот на ЕП. Тоа го дочекавме како народ во 21 век.
Претходно Андреј Ковачев - бугарскиот европратеник од партијата на Борисов, го потврди консензусот на тите партии во Европарламентот и порача дека целта на македонската влада била да покаже триумф во пресрет на локалните избори и дека темите за идентитетот и јазикот немаат место во извештајот за напредокот на земја што аплицира за членство во ЕУ и дека тоа е преседан.
Андреј Ковачев европратеник од ГЕРБ Бугарија - На барање на групата на Европската народна партија, трите најголеми партии во Европскиот парламент – ЕНП, С&Д (социјалистите) и Обнова (либералите), синоќа се согласија да ги отстранат сите референци за ‘македонски идентитет’ и ‘македонски јазик’ од нацрт- извештајот за напредокот на Северна Македонија. Очекувам дека овој амандман ќе биде поддржан од мнозинството во ЕП следната недела на пленарна седница. Ваквите теми водат само кон неединство и ја отвораат Пандорината кутија. Тоа во конкретниов случај се потврдува со постојаните изјави на владините функционери во Скопјe, а особено на премиерот Мицкоски со неговите манипулации за ‘многувековниот идентитет и јазик.
На 24 јуни, АФЕТ постигна консензус и го изгласа извештајот за напредокот на Македонија за 2023та и 2024та година, на известувачот за земјава - Томас Вајц. Во документот на три места стои македонски јазик и идентитет.
Пред гласањето во Комитетот за надворешни работи - германскиот европратеник и координатор на ЕПП- Михаил Галер од ЦДУ предложи амандман во кој пред терминот „македонски јазик и идентитет” се додава „модерен”. Амандманот не беше ставен на гласање бидејќи против тоа гласаа 6 европратеници. Документот ќе се гласа на пленарната седница на Европаралментот, каде се очекува и новиот амандман за бришење на формулациите македонски јазик и идентитет.

