Македонскиот идентитет повторно е главна тема кај источниот и јужниот сосед
Foto

Македонскиот идентитет повторно е главна тема кај источниот и јужниот сосед

Македонскиот јазик и македонската етничка припадност, се најголеми проблеми на Преспанскиот договор, а не името на државата, признава во телевизиско интервју грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Тој додава дека договорот има грешки кои не можат да се излечат но според Мицотакис треба што поскоро да почнат преговорите со ЕУ за Македонија, по што Грција преку пристапниот процес ќе може да работи на слабостите на договорот, колку што тоа го дозволува правната рамка. Во меѓувреме Грција треба да продолжи да го подржува соседот.

Во Бугарија пак се разбудија националистичките духови после интервјуто на преставникот за Западен Балкан на САД Габриел Ескобар, во кое тој вели дека американската амбасада во Софија и бугарската влада работат на решавање на прашањата за „македонското малцинство“. Во денешното соопштение на амбасадата се вели дека:

„Американската влада не ги покрена овие малцински прашања пред бугарската влада. Нашите дискусии со бугарската влада се фокусираа на нашата заедничка визија за посилна, попросперитетна и обединета Европа преку интеграција на сите нејзини делови, вклучително и Западен Балкан“. - Амбасада на САД во Бугарија.

После нејаснотиите околу најавената посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на земјава, прво дојде објаснување од МНР дека посетата не е одложена, а денека дојде уште една потврда од владата, дека на 18 Јануари Петков ќе дојде во Скопје, и тоа ќе биде и прва официјална посета на новиот премиер Ковачевски со гостин од странство.

0 Коментари

Остави коментари