Македонскиот енергетски систем полека станува стабилен
Во Скопје се одржува седмото издание на Енергетскиот форум на кој се дебатира за енергетската оддржливост, зелената транзиција и намалувањето на користење на фосилни горива.
Енергетската ефикасност мора да биде приоритет на Македонија и во иднина да се продолжи со заложбата за намалување на зависноста од увоз на електрична енергија.
Потребни се инвестиции во нови енергетски проекти кои ќе донесат бенефит за домаќинствата и стопанството.